Eкипите на Комунална хигиена-Скопје подигнаа 100 кубни метри отпад од диви депонии во текот на вчерашниот ден

otpad3-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во текот на вчерашниот ден, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 100 кубни метри отпад од повеќе обемни диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Аеродром и Центар, извести ЈП Комунална хигиена-Скопје.


„Активностите се одвиваа на улиците Христијан Тодоровски-Карпош и Џон Кенеди, како и булеварот Македонско-косовска бригада во општината Чаир, во реонот зад ТЦ Капитол во општината Аеродром, како и на улицата Даме Груев во строгиот центар на градот, каде што е забележано одлагање обемни количини отпад од картонска амбалажа“, соопшти ЈП Комунална хигиена-Скопје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK