Дрекслер до Герасимовски: Силна поддршка за европската агенда за одржлива енергија во општините

Дрекслер-до-Герасимовски-Силна-поддршка-за-европската-агенда-за-одржлива.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Размена на искуства и силна поддршка доби градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски од германската амбасадорка Петра Дрекслер за проектот за енергетска независност и самоодржливост на Општина Центар. На средбата со амбасадорката, Герасимовски го презентираше проектот на „Енергија Центар“, поставувањето фотоволтаици во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, во објектот „Пепелашка“.



Како што соопшти општина Центар, дополнително е информирано и за плановите да се постават фотоволтаични системи и на покривните конструкции во три основни училишта. Амбасадорката ги пофали напорите на општината кои се движат по зелената агенда на која се фокусира и германската Влада. Таа понуди и соработка за реализација на проекти за одржлива енергија. Германската амбасада ги поздрави проектите на Општина Центар за социјална заштита на најранливите категории граѓани.

Инаку Општина Центар е прва општина која формираше сопствено јавно претпријатие за производство и продажба на електрична енергија.

„Со реализацијата на овој проект, општината ќе биде електро-енергетски независна и во нејзиниот развој ќе се користат природните ресурси и потенцијали. Заштедите од пониските сметки и средствата од продажбата на вишоците електрична енергија ќе бидат искористени за нови енергетски фасади, поголемо зеленило, инфраструктурни решенија и проекти кои ќе им бидат од корист на граѓаните .Станува збор за долгорочна инвестиција, не само за нас туку и за идните генерации“, истакна градоначалникот Герасимовски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK