Поради дефект на затворач Ф-300 мм. на улицата „Џон Кенеди“ број 25 во општина Чаир, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од оваа улица – непарни броеви од број 1 до број 29, соопштија утрово од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од девет часот, па сѐ до санирање на дефектот.