Девизата дека ,,Арачиновци не плаќаат данок” е веќе минато, велат надлежните во оваа општина.
И ова како што е појаснето, се случува со доаѓањето на новиот градоначалник Ридван Ибраими на чело на Општината, кога работите почнале драстично да се менуваат и дека од ден на ден Арачиново бележи само успеси во сите сфери, а истото го потврдуваат и релевантни меѓународни организации.
Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими денеска ги презентираше податоците за 2023 година во делот на собрани даноци.
Општина Арачиново од вкупно 2675 регистрирани домаќинства успеала да инкасира над 6 милиони денари по основ на локални даноци, што во споредба со 2022 е 422% раст.
Преставникот на УСАИД Бардил Марку, на денешната презентација во однос на соработката и резултатите за општина Арачиново ја нарече општината ,,успешна приказна”.
УСАИД исто така ја пофали Општина Арачиново и во делот на фискалната транспарентност како општина со најголем раст во 2023 година.
Според најновите истражувања Општина Арачиново од 16 максимални индесни поени освоила 12 што е најголем раст, а исто така Арачиново бележи значително голем раст и во активната транспарентност.
На крајот од денешната презентација како што рече и самиот градоначалник Ридван Ибраими, Арачиново не е веќе ,,црна овца” туку денес добиват пофалби и се мерат со многу поголеми и финансиски посилни општини.
„Нашето домаќинско работење денес ги бележи првите позитивни резултати, благодарение на помошта и соработката со многубројни меѓународни организации а посебно со УСАИД која во секој момент покажува спремност да ни помогне“, рече тој.
Ибраими им честиташе и им се заблагодари на општинската администрација и посебно на граѓаните на Арачиново за постигнатите резултати.