Андоновски: Советниците на Арсовска и од СДСМ не поддржаа амандман за ребаланс на буџетот за зголемување на средствата за финансирање спорт и млади

Андоновски-Советниците-на-Арсовска-и-од-СДСМ-не-поддржаа-амандман.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Знаеме дека формални и неформални претставници на Град Скопје на многубројни клубови во градот им ветуваат определени финансиски средства. Тие финансиски средства во голема мера ги надминуваат финансиските средства што се определени од страна на Градот во овој ребаланс. Во овој ребаланс се определени само 20 милиони денари за оваа намена и поради тоа сметавме дека е опортуно за да се испорачаат овие ветувања, кои претставниците, формални и неформални на Град Скопје, ги им даваат на спортските клубови, па затоа сметав дека е потребно да се зголеми сумата. И сега немаше да реагирам ако секретарот на Градот не застанеше овде и не продолжеше да изнесува невистини и да лаже затоа што вели дека нема да може да функционира Градот затоа што, замислете, сме скратиле 12 милиони денари од привремени вработувања, вели Стефан Андоновски, советник во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ по неизгласување на амандманот за зголемување на средствата за финансии на спорт и млади.



Андоновски рече дека не е јасно како на два месеца пред истекот на годината Град Скопје ја зголемува ставката за привремени вработувања.

Сега во октомври им текна дека им требаат 20 милиони денари повеќе за привремени вработувања и од 12 милиони денари ги предвиделе на 27 милиони денари. Значи, уште една армија вработувања од октомври до декември. Ако навистина било потребно, овие 27 милиони денари ќе биле предвидени на 1 јануари за цела година. Ама не било потребно, туку сега во октомври, на два месеца пред крајот на годината, нови 12 милиони денари се многу потребни за привремени вработувања. Кои се овие толку круцијални привремени вработувања за Градот што не смее да се помести ниту еден денар од овие финансии?, праша Андоновски.

Андоновски потенцира дека доколку се поддржеше амандманот средствата за финансирање спорт ќе беа 32 милиона евра, како и дека не е во ред формални и неформални претставници од Град Скопје да им ветуваат на одреден спортски клуб дека ќе добие 20 милиони денари кога вкупната сума за спорт е 20 милиони денари.

Затоа целта ми беше не да ја политизираме, на овој начин ги удвојуваме средствата за спорт и на истиот повик што ќе го распишете за веќе планираните средства, само ќе ја зголемете бројката и ќе можете да финансирате повеќе спортски клубови и во позначителна мера онака како што вашите формални и неформални претставници на градоначалникот се шетаат во градот и ветуваат. Затоа што е сериозно да им ветувате на спортски клубови 20 милиони денари, а вас вкупната сума за спорт да ви биде 20 милиони денари, вака вкупната сума за спорт се зголемува и ќе изнесува 32 милиона денари и на овој начин навистина значително ќе можеме да им помогнеме на спортските клубови, додаде Андоновски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK