Вечерва, Џевахир Мол Скопје го организира третото издание на „Аеродром пулсира“, овојпат како голем предновогодишен концерт што ќе се одржи на веќе препознатливиот простор пред трговскиот центар.
Со почеток од 18:30 часот па сè до 22:30 часот, на сцената пред Џевахир Мол Скопје ќе се појават едни од најзвучните имиња на македонската музичка сцена. Прв настапува најпопуларниот шоумен, актер и докажан блузер Игор Џамбазов, придружуван од Гуру Харе Бенд. Потоа следува настапот на раперот Тони Зен кој ќе се претстави со дел од своите најголеми хитови, а веднаш по него сцената ќе им припадне на милениците на помладата публика, Пајак и Лара. Последниот дел од предновогодишниот концерт „Аеродром пулсира 3“ е резервиран за музичкиот репертоар на најголемата македонска поп ѕвезда Каролина Гочева. Влезот е бесплатен.
Со третото, предновогодишно издание на „Аеродром пулсира“, Џевахир Мол Скопје свечено ја заокружува 2024 година, која е особено значајна за компанијата бидејќи токму оваа година, во март, трговскиот центар официјално започна со работа. Оттогаш, овој импозантен објект кој е дом на најголемиот мурал во Југоисточна Европа, веќе стана препознатливо обележје и симбол на Аеродром и Скопје. Освен големиот настан „Аеродром пулсира“ на чии изданија досега продефилираа повеќе ѕвезди од музичката сцена, Џевахир Мол Скопје продолжува да биде важно место за заедницата и централна точка за одржување на различни случувања наменети за сите генерации.
Детали за настанот
Датум: 21 декември 2024
Време: 18:30 до 22:30
Локација: пред Џевахир Мол Скопје