Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
„На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 29 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал – црвено светло, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, 47 мерки за прекршоци што ги чинат пешаците…“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.