Скопје и урбаните средини во Македонија се загадени оти граѓаните користат сѐ и сешто за греење, гасификацијата е топ приоритет, вели Меџити

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Иако состојбата со загадениот воздух е лоша, министерот за животна средина и прв вицепремиер, Изет Меџити, вели дека, за вола на вистината, секоја година има подобрување во оваа насока. Тој уверува дека интензивно работат на подобрување на квалитетот на воздухот и најави посебни сектори за декарбонизација и за климатски промени во Министерството, покрај останатите мерки.



„Мислам дека според сите анализи главниот фактор на загадувањето во Скопје и во урбаните средини во Македонија е тоа што домаќинствата користат се и сешто за греење. Ќе се трудиме во наредниот период гасификацијата на Македонија да биде еден од топ приоритетите кој ќе понуди поевтин, алтернативен извор за граѓаните, а водено ќе придонесе за  почист воздух во нашата држава. Тоа е круцијално, а сигурно ќе има и други мерки“, рече министерот Меџити по денешната презентација на резултати од загадувањето на воздухот во Куманово, Гостивар, Струмица, Кавадарци и Струга.

За да се постигнат резултати, Меџити повика на заедничко делување со сите останати институции, замена на греењето во здравствениот сектор и во училиштата кои сѐ уште се греат на мазут, употреба на помалку штетни горива. Во таа насока е и набавката на еколошки автобуси кои ќе му ги подарат на град Скопје, а како мерка што ќе ја преземат рече дека е и стимулирањето на електричните автомобили, за што ќе достават предлог до Владата.

Пред три недели, министерот Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска, во пресрет на новата грејна сезона најавија контрола на издадените еколошки дозволи на производните капацитети ширум земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK