Скопје утрово се најде на 10-то место по загаденост во светот, а главниот град на Босна и Херцеговина, Сараево, од првото место се спушти на второто, веднаш зад Лахоре главниот град на Пакистан, покажува специјализираната интернет страница Iqair.com која прибира податоци од целиот свет.
Граѓаните утрово дишат загаден воздух. Индексот на загаденост моментално е 161, што воедно е знак дека воздухот е нездрав, а најзастапени се ПМ 2,5 и ПМ10 честичките.
На 11-то место се најде Белград, на 14-то место е Приштина со податоци малку подобри од Скопје.