„Скопје со денови е меѓу најзагадените градови на светот. Додека граѓаните дишат отровен воздух, полн со ПМ10 честички, градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо“, соопшти СДСМ.
„Нема мерки ни за намалување на тековното загадување, а камо ли долгорочни решенија за справување со загадувањето во Скопје.
Градоначалниците на ДПМНЕ ги интересираат тендери, провизии, скапи часовници, а граѓаните им се на последно место“, се додава во соопштението на СДСМ.