Сиљановска Давкова-Рамбусек: разгледана важноста на посветената реализација на проектите на ЕБОР

Foto-3.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска во Берлин, на маргините на Конференцијата за обнова на Украина, оствари средба со Барбара Рамбусек, директорка за родова и економска инклузија во Европската банка за обнова и развој.


На средбата беше разговарана зисклучителната важност на посветената реализација на проектите на ЕБОР во земјава, фокусирани на континуиран развој на социо-економските процеси во македонското општество, во согласност со нашата европска стратешка определба.

Двете соговорнички ја потенцираа заложбата во промовирањето на родовата еднаквост, како клучен двигател на функционалната одржлива и инклузивна пазарна економија. Во таа насока, претседателката Сиљановска Давкова, изрази задоволство од успешноста на спроведените политики на ЕБОР во земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK