Сиљановска Давкова на свечената промоција на офицери и подофицери: Со вашиот патриотизам и професионализам, треба да бидете пример за македонското општество

siljanovska-davkova-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, денеска на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во Скопје се обрати на свечената промоција на 24. класа на питомци во прв офицерски чин – потпоручник, слушателите на Курсот за офицери на служби во почетен офицерски чин – поручник и слушателите на основниот курс за подофицери во прв подофицерски чин – водник.


Во своето обраќање, претседателката Сиљановска Давкова пред питомците истакна дека тие стануваат офицери во период на глобална неизвесност, на геополитички тензии, на воени конфликти и дека како офицери на НАТО- армија, од нив се очекува да ги исполнуваат највисоките професионални стандарди и врвни критериуми.

Претседателката изрази уверување дека тие активно ќе учествуваат во справувањето со традиционалните и новите асиметрични и хибридни закани во физичкиот и сајбер-просторот и дека ќе треба да придонесуваат за колективната безбедност и одбрана преку учество во мировни мисии и операции, да ја одржуваат борбената кондиција на меѓународните воени вежби со нашите сојузници и стратешки партнери.

Во рамки на свечената промоција, претседателката Сиљановска Давкова на потпоручник Милица Перишиќ од Црна Гора и додели плакета за најдобар успех во 24. класа питомци на Воената Академија „Генерал Михаило Апостолски“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK