Шести смртен случај со западнонилска треска: почина 72-годишен пациент по 15 дена лекување на Инфективна


fadil-cana-pres.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Инфективната клиника регистрираше шести смртен случај на пациент заразен со западнонилска треска. Директорот на Клиниката, адил Цана, вели дека пациентот имал изразито тешка општа состоја.


„Вчера во попладневниве часови почина уште еден пациент. Се работи за 72-годишен пациент кој беше хоспитализиран пред 15 дена на Клиникава во изразито тешка општа состојба, со тешка клиничка слика. И покрај сите прземени интензивни мерки во одделот за интензивно лекување, во вчерашните попладневни часови настави летален исход“, рече директорот Цана.

Клиниката за инфективни болести досега биле или се хоспитализирани 57 пациенти. Од нив директорот Цана вели дека 27  се излекувани, во моментов на лекување се 18 пациенти од кај 15 лабораториски е потврден вирусот и кај сите е во невроинвазивна форма.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK