Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска е кандидатка за заменик-генерална секретарка на НАТО, објави „Политико“.
Реномираниот медиум од свои извори дознава дека постои согласност помеѓу сојузниците дека источноевропеец треба да биде назначен за заменик на новиот шеф на Алијансата, Марк Руте.
Покрај Шекеринска, кандидатка за оваа позиција е и поранешната вицепремиерка и еврокомесарка од Бугарија, Марија Габриел.
Ако биде избрана, Шекеринска ќе биде највисокиот функционер на НАТО досега од регионот на Западен Балкан и од земја што не е членка на Европската Унија.