Шаќири: Започнуваме инклузивен процес на креирање на стратешки документи за унапредување на квалитетот на високото образование

Шаќири-Започнуваме-инклузивен-процес-на-креирање-на-стратешки-документи-за.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со стручна расправа во организација на Националниот совет за високо образование и научно – истражувачка дејност, на која присуствуваа претставници на владини институции, професори и експерти од областа на високото образование и науката, започна процесот на креирање четири стратешки документи со кои државата ќе го унапредува квалитетот на академското образование кое им се нуди на граѓаните и ќе обезбедува повеќе можности за научните работници.


Станува збор за нова национална програма и уредба за финансирање на високо образование, како и национална програма и уредба за финансирање на научно-истражувачка дејност, кои треба да бидат изработени до 2025 година.

„Пред нас е голем предизвик. Сите ние се согласивме дека ќе работиме на креирањето на овие документи, односно политики. Сега потребна е проактивност на дело и очекувам придонес од секој поединец и од секоја институција која ќе биде дел од процесот на исполнување на обврските и целите кои се поврзани со европските перспективи на земјата. Ние најдобро знаеме што е жаргонски речено „аномалијата“ што треба да ја отстраниме и како тоа да го направиме. Но, велам да ги искористиме и заклучоците од меѓународната конференција која ја организиравме кон крајот на септември. Да ги искористиме сугестиите на меѓународните експерти и да ги употребиме сите контакти кои мислиме дека може да ни помогнат“, рече Шаќири, кој имаше воведно обраќање пред почетокот на стручната расправа што се одржа на Факултетот за земјоделски науки во Скопје.

Министерот потенцираше дека државата нема друга алтернатива освен да вложува во овие сегменти, затоа што од нив најмногу зависи севкупниот напредок на државата.

„Да имаме континуиран раст на квалитетот на академското образование, да обезбедуваме повеќе и подобри можности за истражување и иновации, значи да создаваме силно чувство кај граѓаните дека државата вложува во нивниот потенцијал и дека тој потенцијал треба да го искористат и реализираат токму тука“, кажа Шаќири.

Тој рече дека инклузивниот пристап, со учество на сите засегнати страни, секогаш обезбедува најдобри решенија и дека оваа Влада го воспостави и доследно го почитува тој принцип на работа веќе неколку години.

„Тоа го знаете, затоа што заедно изготвивме и нов Закон за високо образование, отворени сме и за негова дополнителна надградба. Така што и сега верувам во заеднички успех“, додаде министерот.

Воведни обраќања има и претседателката на Националниот совет за високо образование и научно истражувачка дејност, Гордана Лажетиќ, како и деканот на Факултетот за земјоделски науки и храна при УКИМ, Вјекослав Танасковиќ.

Министерство за о

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK