Дебар, 10 ноември 2024 (МИА) – Здружението за заштита и негување на културните вредности „Рајчица“, во соработка со општина Дебар, во рамки на проектот за поддршка на соживотот во регионот, синоќа во Дебар одржа трибина за важноста на семејството и меѓурелигискиот дијалог.
На трибината, меѓу многуте присутни граѓани од различна етничка и верска припадност, присуствуваа и градоначалникот Хекуран Дука, епископ Антаниски г. Партениј и дебарскиот муфтија Решат Качалнику, свештеници, архимандрити и јеромонаси, монахињи, просветни и културни работници и голем број претставници на институции.
Трибината ја отвори психологот Ангелина Василевска, која го истакна значењето на соживотот во регионот низ децениите наназад, како и важноста од отворањето на овие теми во јавниот простор.
Трибината ја отвори психологот Ангелина Василевска, која го истакна значењето на соживотот во регионот низ децениите наназад, како и важноста од отворањето на овие теми во јавниот простор.
Градоначалникот на Општина Дебар, г. Хекуран Дука, поздравувајќи го одржувањето на оваа средба меѓу другото рече дека треба да ги развиваме ваквите заложби за поддршка на соживотот, со кој Дебар се гордее.
– Во фокус на оваа трибина, би сакал да кажам дека сум многу задоволен што ќе се дискутира на тема поврзана со семејството, бидејќи многу пати сум бил присутен на различни трибини каде што се зборува за правата на децата, правата на жената, но никогаш не сум бил присутен, ниту пак, сум разбрал дека има дебата на која се зборува за нашето најважно, а тоа е семејството, кое е основна клетка на општеството. Оти какво што ни е семејството, такво ќе ни биде општеството, рече градоначалникот на отворањето на трибината, кој вети дека ќе продолжи да ги поддржува ваквите иницијативи насочени кон развој на младите во општеството.
Продолжете со читање на МИА