Семејство тврди дека нивното бебе било тепано на Педијатрија, Таравари најавува одговорност ако е вистина

taravari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Семејството на тримесечно бебе тврди дека детето било тепано на Клиниката за педијатрија.


Министерот за здравство, Арбен Таравари изјави дека ако овој случај е вистина, медицинската сестра веднаш ќе биде отпуштена и тој лично ќе се погрижи веднаш да биде упатена до правните органи.

Тој синоќа заедно со директорот на Педијатрија се сретна со семејството на тримесечното бебе.

„Видовме модринки на раката на детето. Родителите се жалеа дека можеби не е третирано како што треба на Педијатрија. Ако има медицинска грешка, ќе треба специјална комисија на Клиниката за педијатрија да разгледа и да ја слушне и другата страна. Ви гарантирам дека ќе преземеме веднаш мерки“, рече Таравари.

Како што додаде, ќе се преземат мерки против оние кои постапиле лошо, ако постапиле лошо кон детето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK