Секој што згрешил мора да одговара, никој не е над законот: Meџити за случајот со Државна лотарија

Screenshot-2024-12-17-175328.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Секој што згрешил мора да одговара, вели првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, запрашан за коментар за случајот со корупција во Државна лотарија.


Пораката, како што рече, е дека никој не е над законот.

По настанот на засадување на дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош, на кој присуствуваше заедно со евроамбасадорот Михалис Рокас и градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, Меџити посочи дека треба да се остави МВР, судството и обвинителството да се занимаваат со случајот.

„Слушнав и јас. Но, се согласувам со евроамбасадорот дека треба да оставиме на органите на прогонот, односно на МВР и судството и обвинителството да се занимаваат со случајот. Битно е што пораката е дека никој не е над законот. Секој што згрешил мора да одговара, денес или утре тоа ќе биде“, истакна тој.

Според евроамбасадорот во земјава Михалис Рокас, треба да се остави правдата да зборува сама за себе.

„Во оваа фаза немаме никаков коментар. Да дозволиме на самото судство и јавното обвинителство во земјата да продолжат со истрагата. Мислам дека треба да оставиме правдата да зборува сама за себе“, изјави Рокас за случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK