Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска преку зум платформата ќе ја одржи 90-та седница.
На дневен ред се избор на заменик-претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата и изменување и дополнување на Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.
Членовите на Антикорупциската комисија ќе постапуваат по конкретни предмети и по предмети оформени по пријави од укажувачи согласно Законот за заштита на укажувачите.