­

Се зголемува капитацијата за матичните лекари, гинекологија и стоматологија


mickoski-pres.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Владата донесе одлука за зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина, гинекологија и стоматологија, почнувајќи од април 2025 година.


Согласно оваа одлука, вредноста на капитациониот бод за општа медицина и гинекологија ќе се зголеми од 75 на 100 денари, додека за стоматологија од 61 на 75 денари, што претставува зголемување од 33, односно 23 проценти. Ова беше соопштено на заедничката прес-конференција на премиерот, Христијан Мицкоски и минисерот за здравство, Арбен Таравари.

Зголемувањето доаѓа по повеќегодишна стагнација во периодот 2019-2022 година кога бодот изнесува 63 денари и 48 денари.

Премиерот Мицкоски рече дека од 2015 година до сега, капитацијата за општа медицина порасна од 50 на 100 денари-удвојување на вредноста за една деценија. За гинекологијата исто така имаме раст од 50 на 100 денари, додека за стоматологија од 35 на 75 денари, што е зголемување за 114 проценти.

„Потценетоста на примарната здравствена заштита доведе до намалување на бројот на амбуланти во 2024 година во однос на 2023 година за 34 амбуланти по општа медицина и 24 по стоматологија, а над стотина помалку амбуланти по општа медицина има сега во однос на 2015 година. Посебно намалување има во руралните и помалите места, за кои уште во јануари се донесоа посебни мерки“, изјави Мицкоски, додавајќи дека државата издвојува околу 4.5 милијарди за матичните лекари, гинеколози и стоматолози, а за ова зголемување ќе се издвојат околу 550 милиони денари или над 9 милиони евра.

Зголемувањето, како што рече тој,  ја покажува посветеноста за подобрување на статусот на матичните лекари и обезбедување на поквалитетна здравствена заштита за сите граѓани.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK