Се стабилизира нивото на водата во реките во Кочанско

ezero
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нивото на водата во реките во кочанскиот регион се стабилизира, а вработените во водостопанската подружница „Брегалница“ утрово регистрирале извесно опаѓање на дотокот во акумулациите на хидросистемот.







Продолжува превентивното испуштање по околу 18 кубни метри од браната Калиманци, а поради намалувањето на водата од притоките на реката Брегалница, нема опасност од поплавување на полињата во Кочанско.

-Дотокот на вода во Калиманци во текот на ноќта остана на нивото од претходниот ден, односно по дваесетина кубни метри во секунда, поради што преостануваат околу пет сантиметри за прелевање преку ѕидот на браната. Кај акумулацијата Гратче, која неколку денови е на прелив, утрово регистрираваме опаѓање за 1,5 кубни метри, со што за неколку сантиметри опадна нивото на Кочанска Река. Поради тоа дојде и до намалување на водата во нејзиното корито кај селата Горни и Долни Подлог и избегната е опасноста од поплавување на оранжерискиот комплекс „Зелена куќа“. Најкритично во текот на ноќта беше кај селото Облешево, каде е поплавен подрум на куќа во близина земјоделските површини, но во соработка со Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево интервенираме на прочистување и проширување на еден од каналите за да се повлече водата, истакна Благојчо Богатинов, раководител на водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани.

Екипите на водостопанската подружница остануваат со 24-часовно дежурство на терен, со приоритет да се спречи излевање на водата од речните корита и поплавување на објекти во населените места во рамничарскиот дел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK