„Од изведеното во документарецот „Убиство во Тетово“, истрагата на јавното обвинителство за случајот не е целосна и не е ги цени доволно заклучоците изнесени во Службената експертиза на германските експерти, како резултат на што во јавноста се разгоруваат сомнежи за непрофесионално постапување на обвинителството и занемарување на околности кои можат да ги прошират обвиненијата и да инкриминираат други лица“, велат од Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата.
Од таму додаваат дека на ова се надоврзува и фактот што Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција сѐ уште ги истражува наводите за корупција при спроведувањето на јавните набавки во случајот и покрај тоа што веќе е пречекорен рокот од членот 301 од ЗКП, а притоа во јавноста не се понудени никакви образложенија ниту за тоа зошто е продолжуван рокот согласно ставовите 2 и 3 од истиот член, ниту зошто и покрај ова продолжување истрагата не резултира со завршница.
Претставниците на граѓанските организации членки на Платформата доставија и официјално писмено барање за оставка на Јовески до Јавното обвинителство на Република Македонија.