Се работат многу случаи за криминал на поранешни високи функционери од ДУИ, Мицкоски уверува дека јавноста наскоро ќе слушне за нив

Capture.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелното раководство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) повеќе се грижи да го заштити капиталот за кој постаојат сомневања дека е криминално стекнат отколку што се грижело за она што требало да се грижат, рече денес премиерот Христијан Мицкоски на поставувањето камен-темелник на нова фабрика за електронски батерии во Кичево. Одговарајќи на новинарски прашања премиерот Мицкоски кажа дека претставниците на ДУИ се обидуваат да дефокусираат оти се работат многу случаи поврзани со високи функционери на на ДУИ за кои јавноста наскоро ќе дознае.


„Стигнуваат потврдите за криминално однесување на оваа политичка структура и гарнитура во изминативе дваесетина години. Многу случаи се работат поврзани со високи поранешни функционери на ДУИ и јавноста многу скоро ќе види кој е во суштина вистинскиот мотив  на актуелното раководство на ДУИ, дека најмалку се грижат за тоа што требало да се грижат. Повеќе се грижат би рекол за да го заштитат оној капитал за кој што постои основано сомневање дека е криминално стекнат“, рече премиерот Мицкоски.

Иако најави дека многу скоро јавноста ќе дознае за кои функционери од ДУИ се работи, Мицкоски и денес повтори дека од случаите на кои се работи нема да дозволи да се прави естрада. Во моментов, спореед него, се работи на десетици случаи како оној во РЕК „Битола“ и ТЕЦ „Осломеј“.

„Нема да се случува како што беше во минатото на полноќ или наутро да влегуваат специјалните единици наоружани до заби во домовите на лицата кои се осомничени и сето тоа камера да го снима да правиме естрада од тоа. Нема да биде тоа, ќе биде вака, преку соопштенија, а потоа преку еден фер и транспарентен судски процес очекувам секој да ја докажува својата вина или невиност. Во периодот што следи, од информациите што ги имам, ќе има десетици вакви случаи“, рече премиерот Мицкоски.

За вчерашниот претрес во Судскиот совет премиерот Мицкоски објасни дека бил направен со со цел да се потврди основано сомневање за фалсификување на записници од работата на Судскиот совет преку кој се манипулирала волјата и мислењето на Судскиот совет од страна на поединци. Очекува, „многу скоро денеска“, како што рече и тоа да биде расчистено.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK