Се повеќе земји се плашат од Вагнер: Литванија подигна бодликава жица на границата со Белорусија

r-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Литванија затвори два од шесте контролни пункта на границата со Белорусија со цел, како што соопшти, да спречи шверц и преминување на припадници на руската приватна паравоена формација „Вагнер“ од Белорусија.



Литванската министерка за внатрешни работи Агне Билотаите изјави дека потегот е преземен за да се спречи шверцот, како и новите безбедносни закани поради присуството на борците „Вагнер“ во Белорусија.

„Пред се, треба да ги засилиме нашите напори во борбата против шверцот. Граничните пунктови кои беа затворени ја немаа неопходната опрема за правилна проверка“, рече Билотаите.

Таа посочи дека литванската влада го смета присуството на членови на „Вагнер“ како закана која мора да се реши, пренесе ТАСС. Пристапот до тие гранични премини е блокиран со бетонски плочи и бодликава жица.

Литванската влада не соопшти кога тие гранични премини би можеле повторно да бидат отворени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK