Се иселија од Македонија родителите на петгодишната Јана од Битола која почина со 19 единици шеќер во крвта

Се-иселија-од-Македонија-родителите-на-петгодишната-Јана-од-Битола.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Родителите на петгодишната Јана Христовска од Битола која почина во битолската болница откога прими инфузија, се иселија од Македонија. Кумот на Јана, Игор Петковски за „Макфакс“ вели дека заминале оти целосно ја изгубиле вербата во нашите институции.


„Стравуваа како ќе појдат со синот на лекар ако не дај Боже затреба. Ставија шест месеци на Јана, се спакуваа и тројцата заминаа од државава. На најтешкиот начин почувствуваа како функционира таа спрега меѓу здравството, судството и сите институции кои имаа допир со случајот на Јана. Сите оставија впечаток дека се штитат едни со други. Најгневни се на обвинителката која го затвори случајот само врз основа на изјави, истрага не видовме. Институциите  покажаа дека сите се изврзани едни до други и кај нас се владее по системот на династија“, вели Игор Петковски, кумот на Јана за „Макфакс“.

Јана почина на 22 март годинава во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ Битола , а нејзините родители се убедени дека причина за смртта е лекарска грешка оти и била дадена инфузија со гликоза која и го качила шеќерот во крвта на 19 единици, а претходно никогаш немала такви проблеми. Ја однесоа на лекар поради симптоми на настинка.

Институциите со недели, а некои и со месеци анализираа и заклучија дека Јана починала од срцев удар како последица на бронхопневмонија предизвикана од вирус. Неодговорени останаа прашањата на родителите зошто има запишано различно време на смртта на Јана, зошто воопшто и дале инфузија со гликоза кога резултатите покажале покачен шеќер, зошто сакале и второ шише да и дадат, зошто не е кажано името на вирусот кој наводно го имала Јана, зошто докторката, сопруга на судија од Основниот суд Битола им се сокрила и ред други прашања.

Правда за Јана се бараше и на неколку протести во земјава, но Обвинителството го затвори случајот и не поднесе обвинение за лекарска грешка.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK