Скопското обвинителство поведе постапка против 22-годишник поради тешка кражба.
На 16 јули минатата година, од автомобил во сопственост на Државниот завод за ревизија паркиран во центарот на Скопје одзел ташна со предмети во вкупна вредност од околу 50.000 денари, информираа од Обвинителството.
Кражбата ја извршил кршејќи го стаклото на предната лева врата од автомобилот, ги одзел предметите и веднаш избегал. Бил идентификуван врз основа на ДНК траги пронајдени во ограбеното возило.
Оценувајќи дека постои опасност обвинетиот повторно да се даде во бегство, јавниот обвинител предложи неговото присуство да го обезбеди со притворска мерка.