СДСМ: Запалени возила, а сторителите непознати, со Тошковски улиците се како Див Запад

sdsm4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дури седум возила изгореа во Скопје само за два дена. Четири возила изгореа вчера во Чаир за една вечер и две возила во Аеродром еден ден пред тоа, реагираат од СДСМ и додаваат дека неспособноста на Тошковски е закана за безбедноста на граѓаните која што е алармантно влошена.


„Во последните два месеци има десетина случаи на запалени автомобили и на инспектори, началници, полицајци. Беше запаленото возило на Началникот на полицијата во Струга, на инспектор во Виница. Сторителите се уште се непознати, одговорност нема. Пречесто има пукања и криминални пресметки, досега има дваесетина убиства и обиди за убиства. Откако Тошковски и ДПМНЕ се на чело на МВР улиците станаа Див Запад.  Немало досега понеспособен министер за внатрешни работи“, се вели во реакцијата на СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK