Градоначалникот на Тетово Билал Касами и ОК на ДПМНЕ од Тетово одлично си соработуваат, но не во интерес на граѓаните, и решавање на предизвиците во општината, туку за партиски интереси, велат од СДСМ.
„Доказ за тесната соработка и меѓусебна согласност на сите одлуки во Тетово меѓу градоначалникот Касами со ДПМНЕ, се речиси половина од директорските и раководните позиции во Општина Тетово, коишто ги извршуваат кадрите на Христијан Мицкоски, меѓу кои и секретарот на општината, втора по важност општинска функција“, додаваат оттаму.
Според СДСМ нивната цел е поттикнување на национализам и верски поделби меѓу граѓаните.
„Тоа се деструктивните политики на ДПМНЕ, кои го делат народот и ја влечат државата назад. Зад сите штетни одлуки на Касами во Тетово стои ДПМНЕ“, завршуваат од СДСМ.