СДСМ: Владата падна на првиот тест, спората реакција во Неготино опустоши 1000 хектари

serta-pozar.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Задоцнета и ненавремена беше реакцијата на надлежните и Владата на Мицкоски за справување со пожарите во Неготино и регионот, велат од СДСМ. Обвинуваат за немарност.


„Заради слабата координација и немарност, изгореа преку 1000 хектари зеленило и се донесоа во опасност преку 150 куќи. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше ефикасност, но само по првата криза се покажа дека не умеат да се носат со предизвиците. Цели два дена доцнеше механизација и прогалсувањето на кризна состојба“, велат од СДСМ.

Доцнело и прогласувањето кризна состојба.

„Откако СДСМ вчера вечер алармираше, дури по три часа Владата се смогна да прогласи кризна состојба. Навремена и соодветна реакција ќе спасеше значителна површина на зеленило и немаше да се доведат во опсност викенд населбата Калањево. ВМРО-ДПМНЕ мора да сфати дека со лажен ПР и постојани вести нема да ја покријат неспособноста на терен“, велат од партијата.
Центарот за упрваување со кризи соопшти дека пожарот на планината Серта е се уште активен и гасењето ќе продолжи и утре.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK