СДСМ: Трипуновски не знае каде тера, СДСМ бара Владата да ја смени одлуката и да издвои 5 денари повеќе за килограм пченица

1711711578_tripunovski.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот Цветан Трипуновски делува дезориентирано и не знае каде тера. Тоа се одразува негативно врз земјоделците. Владата донесе одлуката за дополнителни 3 денари за килограм пченица. Земјоделците се крајно разочарани и незадоволни затоа што тоа е недоволно, велат од СДСМ.


„Трипуновски мисли дека иста е сумата од лани, но минатата 2023 година пченицата се откупуваше за 12 денари а оваа 2024 година за 9 денари. Бидејќи тоа Трипуновски не го знае и не го увидел затоа Владата носи мерка со само 3 денари за килограм пченица. Значи земјоделците се оштетни и потребни им се барем 5 денари по килограм. СДСМ е на страна на земјоделците и бара Владата веднаш да ја промени одлуката и да издвои дополнителни 5 денари за килограм пченица и дополнителни 10.000 денари по хектар за јачмен“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Фактот дека од објавувањето на мерката им се дават на земјоделците само два дена, а тоа е 5-ти септември, владата на Мицкоски покажува дека сака повторно да ги манипулира земјоделците. Земјоделците во новата влада и новиот министер немаат партнер ниту поддршка“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK