СДСМ со пакет решенија за спас на економијата


sdsm4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска во Собранието СДСМ ќе ги поднесе првите законски решенија од пакетот економски мерки за спас на економијата и животниот стандард на граѓаните, информираат од партијата.


„За само 8 месеци неспособноста на власта драматично ја влоши економската состојба во државата.

Животниот стандард опаѓа, цените на храната пораснаа за 20%, трошоците за живот за 4,9%, сметките за струја се зголемени за 30%, поскапе и парното за 5% а платите стагнираат. Граѓаните имаат се помалку пари во џебовите и едвај врзуваат крај со крај борејќи се огромната скапотија.
И останатите економски параметри се влошени, индустриското производство е намалено за 1,4%, извозот е намален за 5,9% а странските инвестиции веќе се повлекуваат од земјава“, истакнуваат во соопштението.

Неспособноста на Владата на Мицкоски, како што оценуваат, ја води земјата во економска криза, додека граѓаните се оставени без никаква помош.

Според СДСМ, политиките на кошнички доживеаја тотален дебакл а власта нема одговор на растечката скапотија и сирoмаштија.

„СДСМ има 7 мерки, пакет решенија за спас на економијата и подобрување на животниот стандард на граѓаните кои вклучуваат: намалување на ДДВ за струја од 18% на 5%, укинување на ДДВ за храна на 0%, замрзнување на цените на основните производи, фиксирање на маржите, зголемување на платите во приватниот сектор и спроведување на законот за нефер трговски практики“.

Ги повикуваат сите пратеници во Собранието да ги поддржат мерките и да застанат во заштита на граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK