СДСМ: Проширена конфискација е оружје против криминалот, тоа е дел од измените на КЗК

СДСМ-Проширена-конфискација-е-оружје-против-криминалот-тоа-е-дел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Проширената конфиксација, која е обезбедена со измените на Кривичниот законик е оружје во борбата против криминалот, особено со организираниот криминал и корупцијата“, велат од СДСМ.


„Измената на членот 98-а од Кривичниот законик создава законска можност за поголема примена на мерката конфискација од страна на судиите преку проширување на опфатот на кривични дела за кои ќе може да се применува проширена конфискација.

Ова значи и зголемена ефикасност и ефективност во борбата против криминалитетот, што е особено значајно.

Измената на Кривичниот законик е и во насока на хармонизација со европското законодавство, бидејќи со неа се постигнува потполна усогласеност со Директивата 2014/42/ЕУ замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист остварени со казниви дела во Европската Унија“, соопшти СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK