СДС нема пратеници за уставни измени, нека стават на гласање и ќе се уверат, единствено решение се избори, соопштија од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Власта цела година манипулира со бројки, а реалноста е дека, ако имаа 80 пратеника одамна ќе ги спроведоа уставните измени. Реалноста е дека нема ниту 70 пратеника кои ќе гласаат уставни измени“, велат од партијата.
Како што додаваат, ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш децидно денес, како и многу пати до сега ќе го повтори својот став, дека уставни измени под овие околности и бугарски диктат нема да прифати.
„СДС да не ги малтретира граѓаните и државата и уште денес по неуспехот со уставните измени да се распушти Парламентот и да одиме на избори“, завршуваат во своето соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.