Вистинските социјалдемократи кои се борат со срце и со душа за остварување на социјалдемократските вредности нема никогаш да ги прифатат повиците на лажните патриоти од ЗНАМ, велат од СДСМ.
„Максим Димитривски за неколку фотељи и градоначачлничка функција стана слуга и продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски.
Срамно и жално е да се гледаат поранешни генерални секретари на СДСМ како министри и послушници во Влада која ја водат луѓе што сакаа да ги убијат нивните довчерашни сопартијци. Срамно е за поранешни пратеници на СДСМ да бидат функционери во власта на Мицкоски. Од тоа вистинските членови на СДСМ се срамат и го осудуваат.
СДСМ не го плашат ќорците на Максим Димитриевски и повиците за поделба на партијата“, истакнуваат од опозициската партија.
СДСМ, додаваат тие, е единствената вистинска опозиција која ќе се бори со сите сили за да се спречува штетните политики на владата на Мицковски и неговиот сателит ЗНАМ.
„Сега веќе работите се јасни а тројанскиот коњ Димитриевски е откриен. Брзо ќе се соочи со реалноста и гневот кој го насобра од членовите на СДСМ.
Димитриевски замолче како мало дете пред Касами а неговите изблици на лажен патриотизам беа замолчани уште првата недела од неговото слугување на Мицкоски. Толку беше од чукањето во гради и лажните закани дека ќе ја напушти владата во обид да го намали срамот“, се нагласува во соопштението на СДСМ.