СДСМ направи превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО за што јавно се извинуваме, велат од оваа партија.
Денеска, како што појаснуваат, во одговор на новинарско прашање СДСМ направила превид во однос на кадровските решенија во МЕПСО.
„Во морето на информации кои пристигнуваат до СДСМ за погрешната кадровска политика на ВМРО-ДПМНЕ, пристигната е и нецелосна информација која не беше целосно проверена, со што е направена ненамерна грешка со имињата за членови на Управниот одбор односно Надзорниот одбор на МЕПСО.
СДСМ како одговорна и принципиелна партија упатува јавно извинување до споменатите имиња кои не се дел од новите кадровски решенија во МЕПСО но и до целата јавност“, питенцираат во нивното соопштение.