СДСМ го осудува нападот на новинарската екипа на ТВ 24 кој се случил за време на вчерашниот партиски митинг на ВМРО-ДПМНЕ. Од СДСМ велат дека тоа е недозволиво.
„За жал, нема никаква промена во ДПМНЕ. Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија.
Слободата на говорот за нив е мисловна именка.
Напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата – однесување препознатливо за мрачните времиња од владеењето на Груевски.
Мицкоски секојдневно докажува дека е копија на неговиот ментор од Будимпешта“, се вели во соопштението на СДСМ.