СДСМ: Македонската борба не е за изолација туку за интеграција и подобар животен стандард

СДСМ-Македонската-борба-не-е-за-изолација-туку-за-интеграција.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Македонската борба е борба за создавање на европска и напредна држава, за интеграција и подобар животен стандард за сите граѓани, прогресивна иднина за младите, истакнуваат од СДСМ.


Според оваа партија, македонската борба не за изолација, уназадување и стагнација, што е понуда на лажните патриоти од ДПМНЕ и Левица.

„Лажниот патриотизам и блокадата на европскиот пат води до нов егзодус и иселување на младите, до загрозување на македонскиот идентитет. Затоа, антиевропската агенда е антимакедонска.

СДСМ заедно со граѓаните ќе ја обезбеди македонската европска иднина“, се прецизира од страна на СДСМ.

Според СДСМ, сите македонски граѓани да бидат европски граѓани, со поголеми плати, со поголем животен стандард, со европски квалитет на живот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK