СДСМ: Креиран е лажен профил на Венко Филипче на Фејсбук, граѓаните да не наседнуваат

45678.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ве известуваме дека е креиран лажен профил на Фејсбук со злоупотреба на името, податоци и фотографии на претседателот на СДСМ, д.р Венко Филипче. Од истиот лажен профил се шират несоодветни и лажни содржини,  повици за членски книшки, повици за измислено здравствено осигурување а граѓаните се насочуваат на приватни пораки, велат од СДСМ.


„Ги повикуваме граѓаните и членовите да не наседнуваат и да не споделуваат никакви лични податоци кои можат да им бидат злоупотребени од страна на измамниците кои го креирале“, посочуваат од партијата и додаваат:

„Разликата помеѓу официјалниот профил на претседателот на СДСМ и лажниот може да се препознае најлесно преку синиот беџ за ферификација којшто постои само на официјалниот профил на д-р Венко Филипче. Лажниот профил е веќе пријавен и очекуваме брза реакција за негово бришење“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK