СДСМ: Изгоре целa планина, а Мицкоски промовира проекти од времето на СДСМ

mickoski345.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Крајно неодговорна и бесчуствителна е денешната изјава на Мицкоски кој вели дека за ден-два ќе се ставеле пожарите под контрола, оценуваат од СДСМ.


Ваквите, како што велат, паушални изјави, според нив, покажуваат дека воопшто не е загрижен, ниту ја има состојбата под контрола.

„Наместо да биде дел од кризниот штаб и да се информира за состојбата, тој се обидува си прави партиски прошетки во Охрид за дневни ПР промоции на проекти од времето на СДСМ.

Задоцнетата реакција и слабата координација придонесоа да се касни со гасењето на пожарите. Се доцни со екипирање на домашните ресурси и со барање на дополнителна поддршка. Апсолутно ништо не е под контрола ниту добро изменаџирано во однос на пожарите во неготинско. Граѓаните тврдат дека речиси целата планина Серта е изгорена“, реагираат од СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ, според опозициската партија, демонстрира исклучителна неспособност за владеење во првите недели од мандатот.

„Наместо реална работа и грижа, нив ги интересира само себепромоција и фрлање лопати. Веќе видено сценарио кое јасно потврдува дека во оваа партија ништо не се сменило“, додаваат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK