СДСМ во изминатите години, во услови на светска економска и енергетска криза, значително го зголеми БДП и ја заштити економијата и стандардот граѓаните, велат од партијата на власт.
„Бруто домашниот производ во споредба со ДПМНЕ е згоелемен за 3 милијарди евра.
Во 2017 година БДП изнесувал 9.7 милијарди а во 2022 е 12.9 милијарди.
Истовремено со најголем пакет антикризни мерки од државите во регионот, во висина од 760 милиони евра, беше обезбедена поддршка за граѓаните и за компаниите за справување со енергетската и економската криза“, се прецизира во нивното соопштние.
СДСМ, како што потенцираат од таму, не инвестира во стиропор, споменици и жални врби, туку ги враќа парите кај граѓаните.