СДСМ: Филков повторно лаже – СДСМ од лани бара закони, а ВМРО ги крие


Filkov2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот Филков денеска повторно се обидува да ја префрли вината на СДСМ за сопствената неспособност и блокада на реформите, велат од СДСМ како реакција на изјавата на министерот за правда дека СДСМ свесно ги блокира измените во изборното законодавство.


„Едно неучество после цела една година менува сè? Како е тоа можно? СДСМ уште од мај 2025 година, на секоја прес-конференција, јавно го прашува Министерството за правда и министерот Филков: Каде се реформските закони? Зошто ги нема на ЕНЕР? Зошто ги криете од јавноста и од Собранието? Наместо да ги подготви и да ги достави законите, Филков и ВМРО-ОКГ цела година молчат, одложуваат и сега, по само едно неучество на работна група, одеднаш СДСМ е виновен за сè. 10 милиони евра од ЕУ за правосудни реформи се загрозени токму поради ВМРО, а не поради СДСМ. Ние не блокираме реформи, ние бараме реформи да се случат. Вие ги блокирате со молчење, со одложување и со обиди да ја сокриете вистината од граѓаните. Мицкоски и ВМРО-ОКГ не можат вечно да ја кријат својата неспособност и да ја префрлаат вината на другите. Граѓаните јасно гледаат кој ги спречува реформите и кој ја загрозува европската иднина на Македонија. Доаѓа времето на вистината“, се наведува во реакцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK