СДСМ: Две години локална власт, ДПМНЕ ја изневери довербата на граѓаните

СДСМ-Две-години-локална-власт-ДПМНЕ-ја-изневери-довербата-на.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поминаа две години, половина од мандатот како локална власт на ДПМНЕ во над 40 општини.


Резултатот е поразителен, ДПМНЕ ги изневери граѓаните, нема проекти, нема резултати, реагираат од СДСМ.

Според оваа партија, има безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ.

„Општините предводени од ДПМНЕ наместо да се развиваат, стагнираат, а граѓаните се соочени со зголемени цени на давачките за комунални услуги, данок на имот, паркинг, превоз.

Градоначалниците на ДПМНЕ половина од мандатот не работеа ништо, освен што ги задолжуваа општините и ги трошеа народните пари на непродуктивни трошоци и партиски вработувања“, истакнуваат од владејачката партија.

Додаваат дека ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори и ги изневери граѓаните.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK