Ја поздравуваме одлуката на ДКСК да започне постапка и да се истражи патувањето на синот Мицкоски во Вашингтон, велат од СДСМ.
Јавноста, додаваат од партијата, мора да знае од кои пари е платено тоа патување.
„Мицкоски се крие два дена, да не ги објави приватните сметки и со тоа јасно потврдува дека такви сметки воопшто не постојат.
Денешниот обид за спин на ВМРО-ДПМНЕ со наводно барање ДКСК да го истражува имотот на пратеничката Славјанка Петровска, е само уште една потврда дека нешто сериозно смрди во фамилијарната прошетка на Мицкоски со синот за Вашингтон“, се истакнува во реакцијата од партијата.
ДКСК, според СДСМ, мора да остане независна и да не подлегне на овие притисоци од ВМРО-ДПМНЕ. Ги повикуваат во најкусо време да истражат и одговорат дали се злоупотребени државни пари за приватните патувања на семејството на Мицкоски.