СДСМ: Десет затвореници избегале од затвор во Шутка, неспобните Пандов и Утковски да бидат разрешени

zatvorska-policija2.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дури десет затвореници избегале од затворот во Шутка. Власта се обиде да ја сокрие информацијата од јавноста, но не успеа во намерата, велат од СДСМ.


„Неспособноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ и кадрите на Мицкоски се евидентни на секој чекор. Каде е сега Пандов да одржи прес конференција и да каже како се случи да му побегнат 10 затвореници и да понесе одговорност за пропустите? Ова е уште една потврда дека Христијан Мицкоски намести несоодветни, непрофесионални кадри на директорските места само по партиски клуч“, додаваат од СДСМ.

Според нив, најмалку што треба да направи Мицкоски е да ги разреши неспособните директори, Александар Пандов и Бобан Утковски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK