„Смешно изгледаат обидите на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да се иземат од одговорност за бегството на Блерим Рамадани кој веќе одмара на Косово и се слика на Фејсбук.Задолжен за негово обезбедување во куќен притвор е Тошковски и МВР и тие свесно го имаат пуштено. Каде е одговорноста за несоодветно чување на затвореникот“, прашуваат од СДСМ.
„Дали е покрената постапка од внатрешна контрола и МВР за тоа како е избегал и кој од единиците кои требале да го обезбедуваат ќе одговара?
Дали ова значи дека секој кој е во куќен притвор може слободно да избега и за тоа да биде крив судот кој определил таква мерка, или криви се оние кои требале да го обезбедуваат? Тошковски и Мицкоски не може да го скријат фактот е дека ова наликува на однапред договорена работа со косовските власти каде тие се извршители и олеснувачи на овој процес.
СДСМ бара итна истрага во МВР и извештај за тоа како успеал да побегне од куќен притвор Рамадани. Ако остане одговорноста само кај судот кој одлучил куќен притвор, тогаш ќе биде јасно дека апсењето на Рамадани е само една голема манипулација и лага за која однапред се знаело дека тој ќе биде пуштен. Мицкоски да се одважи да каже дали ова не е дел од договорот меѓу него и Курти.
ВМРО-ДПМНЕ да престане да ја манипулира јавноста а МВР да покрене постапки веднаш“, соопшти СДСМ.