СДСМ: Арсовска и Мицкоски да се договорат за медот, за на Скопје конечно да му тргне

mickoski5-19082024-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Добро е што конечно се одржа средба меѓу Мицкоски и Арсовска, граѓаните конечно на едно место можеа да ги видат оние кои го уништија Скопје, велат од СДСМ.



Се надеваат, како што велат, дека на оваа средба се разговарало и за поделбата на медот за конечно да престанат меѓусебно да се блокираат и да го уништуваат Скопје.

„Арсовска, Мицкоски и Перински треба да излезат заедно на прес-конференција и да кажат што планираат да прават во однос на проблемите со ѓубрето, автобусите и целиот хаос во кој тоне градот, наместо да пуштаат празни соопштенија и да ги фрустрираат скопјани.

СДСМ со години предупредува дека пропаднатите зделки и бизнис интереси се единствената причина зошто и Мицкоски и Арсовска се скараа“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

Тие сега, како што оценуваат од СДСМ, имаа можност конечно да ги надминат недоразбирањата и во овој краток период кој им преостанува до локалните избори да барем малку ја поправат состојбата.

„Но, очигледно според она што го објави Владата, не успеале ни сега да се договорат за своите интереси па скопјани повторно ќе бидат жртви“, додаваат од опозициската партија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK