СДС од ден на ден тоне во своите лаги, Антикорупциска потврди дека синот на претседателот Мицкоски патувал законски во САД, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Mickoski-so-sinot-vo-SAD.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека државната комисија за спречување корупција пресече и докажа дека СДС води ниска и бедна кампања.


„Вистината која ја докажа ДКСК не може да ги надохнади нервозите и стресовите кои СДС ги нанесе и тоа, ни помалку ни повеќе, на дете.

СДС ниту ќе се засрамат, ниту ќе се извинат, затоа што тие ништо друго не знаат освен лаги и навреди.

Народот јасно им кажа не и тие никако да се освестат, туку и понатаму тонат.

И покрај нивните лаги и навреди, државните институции докажаа дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски постапува согласно начелата на чесност и транспарентност“, посочуваат од партијата на власт.

Додаваат дека како што за ова излезе вистината на виделина, тоа ќе се случи и за многу друг случаи поврзани со СДС.

СДС, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, ќе види што е владеење на право и правда, што значи да се применува начелото на транспарентност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK