Сандри за МИА: Усвојувањето нa измените на Законот за матична евиденција ја стави земјава на вистинската патека

SANDRI
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Усвојувањето нa измените на Законот за матична евиденција ја стави Северна Македонија на вистинската патека да ги реши сите случаи на бездржавјанство до крајот на годината и со тоа да стане првата земја во Европа, која ќе стави крај на бездржавјанството и втора во светот, изјави Моника Сандри, претставничка на Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите Нации – УНХЦР во интервју за МИА.

-Ова за државата претставува пишување на историја, но најважното е дека ова е настан кој ќе ги промени животите на сите луѓе што немаат извод, вели Сандри во интервјуто за МИА дадено во пресрет на Светскиот ден на бегалците – 20 јуни.


Собранието минатата недела ги усвои измените на Законот за матична евиденција, со кои ќе се овозможи решавањето на случаите и правна видливост за 700 граѓани кои водеа децениски битки со системот да добијат правен идентитет. Измените беа усвоени по брза постапка со 63 гласа „за“. Овие измени овозможуваат решавање на сите познати случаи на бездржавјанство, како и секое дете родено во земјата да добие извод при раѓање, без разлика дали неговите родители се без документи или без државјанство.

Сандри во интервјуто, кое целосно ќе биде објавено утре заедно со видео материјал, освен за бездржавјанството говори и за состојбата со бегалците и активностите на УНХЦР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK