Санација на раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци општина Илинден

Санација-на-раскрсницата-Кадино-Бунарџик-Миладиновци-општина-Илинден.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со цел подобрување на безбедноста во сообраќајот и патната инфраструктура се отпочна со санација на раскрсницата Кадино-Бунарџик-Миладиновци.



Со градежните активности се отпочна санација на најоштетениот дел од раскрсницата во должина од околу 200 метри, пришто ќе се изврши целосна замена на тампонската подконструкција на патот, поставување на нов асфалтен слој, како и поставување на хоризонтална и вертикална патна сигнализација.

Посета на терен изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој изјави дека оваа раскрсница е клучна во функционирањето на патниот сообраќај во Општина Илинден затоа што ги поврзува силе населени места во Општината и има многу интензивен сообраќај на овој локален пат. Тој додаде дека и во наредниот период Општина Илинден ќе продолжи со изградба, реконструкција и санација на локалните улици и патишта и на други локации, затоа што патната инфраструктура е еден од приоритетите во работењето на локалната самоуправа.

Средствата за реализација на овие градежни активности се обезбедени од Буџетот на Општина Илинден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK