Санација на фудбалските игралишта во општина Илинден

IMG-5f0c995b7433a658c534f6a154bc7e58-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Илинден интензивно работи на санација, реконструкција и изградба на спортските терени на нејзина територија. Во изминатиот период се изврши санација на тревната површина на три фудбалски терени, од кои еден во Кадино и два во Марино.



Како што информира градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски, оваа значајна инвестиција ќе овозможи подобрување на условите за игра, ќе ги зголеми стандардите на спортската инфраструктура и ќе обезбеди оптимални услови за играчите и љубителите на фудбалот.

Градоначалникот додаде дека Општина Илинден има голем број на спортски терени кои се реконструирани но и ново изградени, пришто редовно се одржуваат и се во одлична состојба. Терените ги користат клубови, спортски школи и граѓаните, а со санацијата на фудбалските терени се создаваат одлични услови за спортување но и посилни капацитети за развој на спортот.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK